Geske Пилинг за чистење на лице – 100 ml
640,00 ден
Првиот чекор за Вашата дневна рутина е чиста и хидратирана кожа. Сето ова ќе го постигнете со луксузниот пилинг за чистење на GESKE, збогатен со состојки за длабинска ексфолијација на кожата, кои што го прават Вашето лице совршено чисто, свежо и подготвено за следните чекори за беспрекорна нега.
Потрагата по нежен пилинг за чистење кој не само што темелно ја чисти Вашата кожа, туку и интензивно ја навлажнува и освежува завршува тука. Geske Пилингот за чистење на лице со екстракти од алое вера, бамбусови зрнца провитамин В5 е правиот избор за секој кој што е во потрага по луксузна нега за својата кожа.
Geske Пилингот за чистење на лице длабински ги отстранува бактериите и нечистотијата од порите, без да ја иритира и оштети Вашата кожа. Изобилува со природни состојки кои совршено се надополнуваат. Алое верата е докажана и водечка билка во областа на козметологијата заради нејзиното смирувачко, хидратирачко и потхранувачко дејство. Дополнително провитаминот В5 спречува појава на акни и митесери и ја подобрува еластичноста на кожата. Бамбусовите зрнца нежно и длабински ја ексфолираат и чистат кожата на Вашето лице, без да предизвикаат иритирации.
Geske Пилингот за чистење на лице е совршениот придружник на сите четки за лице и тело на GESKE и со нивна помош се максимизира неговото дејство. Вашата кожа ќе биде темелно и длабински исчистена и хидратирана како никогаш досега и подготвена за следните чекори за нега.
Активните состојки во Geske Пилингот за чистење на лице прават чуда за да ја одржат Вашата кожа максимално хидратирана:

Бамбусови зрнца: нежно и длабински ја ексфолираат и чистат кожата на Вашето лице, без да предизвикаат иритирации.

Алое вера: има смирувачко дејство врз кожата, ја хидратира и ги смирува иритациите.

Провитамин В5: потпомага во борбата со акните и црнките и ја подобрува еластичноста.
Description
Начин на употреба: мало количество од пилингот се нанесува на кожата на лицето еднаш до два пати неделно со нежни масажни движења или со некоја од четките за чистење на GESKE, по што лицето се плакне. За полесна употреба искористете ги придобивките од Вештачката интелегенција и креирајте ја Вашата персонализирана дневна рутина преку бесплатната револуционерна апликација на GESKE.
Совет за убавина: Додадете го хидратантиот гел за чистење кон Вашата секојдневна рутина за нега на кожата, за Вашата кожа да биде длабински и темелно исчистена и подготвена за следните чекори за нега. За уште пофеноменални резултати употребувајте го во комбинација со апаратите за чистење од GESKE. За да го извлечете максимумот од производот, симнете ја апликацијата на GESKE German Beauty Tech која ги користи придобивките на AI технологијата , и преку неа веднаш можете да ја скенирате Вашата кожа. Добиените резултати ќе можете да ги искористите за да генерирате персонализирана рутина за нега на Вашата кожа. Оваа апликација можете да ја користите и за да гледате разни видеа посветени на апарати за убавина на GESKE со совети од голем број експерти од областа на убавината и козметологијата. Дознајте повеќе за мобилната апликација GESKE® SmartAppGuided™
Reviews
There are no reviews yet.