Dr.Sante Anti Hair Loss Масло против опаѓање на коса – 50 ml
705,00 ден
Маслото е наменето за слаба коса која има проблем со опаѓање. Ефикасно се бори против опаѓањето на косата и го стимулира нејзиниот раст. Клучна компонента на спрејот е Trihogen complex-от кој изобилува со аминокиселини, витамини и минерали. Trichogen Complex-от претставува комбинација на природни екстракти и масла како што се екстракт од корен од мака, екстракт од семе од лупин и масло од Sacha Inchi.
Екстрактот од корен од Мака помага во зајакнување на фоликулите на косата, го продолжува циклусот на раст на косата и го намалува нејзиното опаѓање.
Екстрактот од семе од лупин ја заштитува косата од штетните надворешни фактори и прави вашата коса да биде поеластична и да изгледа посјајна.
Маслото од Sacha Inchi изобилува со незаситени масни киселини, ги потхранува фоликулите, ја обновува и реконструира косата и ги заштитува врвовите од пукање.
Со редовна употреба на производот се враќа и зајакнува оштетената структура на косата од коренот до врвовите и се стимулира растот на силна и здрава коса.
Начин на употреба: со помош на пипетата нанесете рамномерно од маслото на скалпот и замотајте ја косата со најлон и пешкир и оставете маслото да делува околу 30 минути. По тоа измијте ја косата со шампонот и балсамот од истата колекција. Третманот со маслото може да се прави 1-2 пати неделно во зависност од потребите на Вашата коса.
Пакување: 50 ml
Маслото не содржи парабени, SLS (Sodium lauryl sulfate) и SLES (Sodium laureаth sulfate).





Reviews
There are no reviews yet.