Institute КРЕМ ЗА ЛИЦЕ за сува и чувствителна кожа
350,00 ден
Богат крем за дневна и ноќна употреба за чувствителна и сува кожа со колоиден овес и бадемово масло.
Без додадени мириси и бои, со природни конзерванси.
Кремот за лице за нега на сува и чувствителна кожа, формулиран со бадемово масло и колоиден овес, интензивно ја навлажнува и штити природната бариера на кожата што помага за смирување на црвенилото, сувоста, чешањето и иритацијата.
Бадемовото масло со својот избалансиран липиден состав, помага во навлажнување и омекнување на кожата.
Колоидниот овес помага во смирување на црвенило, чешање и иритации на кожата.
Глицеролот силно ја привлекува и задржува водата на површината на кожата што води до одлично навлажнување на кожата и влијае на обновување на нејзината бариера.
Со редовна употреба на кремот за лице, кожата ја задржува својата влажност во текот на целиот ден, што и дава изглед на здрава и негувана кожа.
Брзо се апсорбира, остава тенок слој, кој ја штити кожата во текот на целиот ден оставајќи чувство на мекост и нежност.
Кремот за лице содржи само природни конзерванси и сите придружни компоненти во него се нетоксични за човековиот организам и за животната средина.
Не содржи мириси и бои.
Reviews
There are no reviews yet.