Dr. Hauschka Cleansing Cream 50 ml

745,00 ден

Кремот за чистење не содржи тензиди, длабински ги чисти порите, има нежно ексфолијантно дејство, зајакнува и освежува, ревитализира и овозможува чист тен. Содржи мелен сладок бадем, масло од бадем, масло од пченични никулци и лековити билки кои нежно чистат воедно негувајќи ја кожата.

За сите типови на кожа.

Category:

Description

Користете го кремот за чистење два пати дневно, наутро (за да ги отстраните метаболитите излачени во текот на ноќта) и навечер после чистење со Млекото за чистење:

1. Навлажнете го лицето со топла вода (кај сува кожа со млака вода) која ќе ги отвори порите и ќе ја омекне кожата. Вклучете го вратот, деколтето, и ушните ресички.

2. Истиснете на дланката 1-1.5 см од кремот за чистење, помешајте со малку вода и протријте помеѓу дланките за да добиете кремаста емулзија.

3. Нанесете го кремот за чистење на лицето со нежно втапкување во три фази: чело, образи и брада. Почнете полека да го втапкувате кремот за чистење од челото кон брадата, од средината на лицето кон надвор, применувајќи притисок со дланките за да се создаде вакум ефект и нечистотијата да се извлече на површината. Избегнувајте го подрачјето околу очите. Немојте да ја триете кожата: овој крем не е пилинг! Навлажнете ги дланките и повторете ја постапката. Ако имате мрсна и нечиста кожа оваа постапка се повторува 3-5 пати.

4. Исплакнете го лицето темелно со млака вода и на крај завршете со ладна вода.

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Dr. Hauschka Cleansing Cream 50 ml”

Your email address will not be published. Required fields are marked *